Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Мицкоски: Инвестициите во обновливи извори на енергија се дел од модерната борба за независност

Енергетска транзиција, инвестиции во обновливи извори, финансирање во енергетски еколошки проекти –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енергетска транзиција, инвестиции во обновливи извори, финансирање во енергетски еколошки проекти – ова се само дел од темите на 14-тиот Глобален форум за одржлива енергија кој за првпат се одржува во Скопје. Премиерот Мицкоски вели дека енергетиката е високо на државната агенда. Таа според него не е само техничко прашање, туку национален приоритет и државна стратегија. Тој истакна дека државите мора да станат енергетски независни. Тоа што порано значело сигурен снабдувач со енергенси, сега значи флексибилен систем, отпорен пазар и чисти извори на енергија.

За министерката з аенергетика Сања Божиновска иднината е во диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија. Таа вели дека енергијата мора да ја користиме паметно, за да се постигне стабилност во снабдувањето дури и во несигурни глобални услови. Таа потсети дека Македонија интензивно го гради интерконекторот со Грција и со Србија, инвестиција што ќе ги снабди граѓаните и бизнисите со гас, но и же обезбеди буџетски приходи од неговиот транзит.

Главниот град собра над 600 чинители во енергетиката на меѓународно ниво кои треба да дебатираат за конкретни чекори и мерки како да се елиминираат загадувачките извори на енергија, како на пример јагленот и како повеќе да се инвестира во обновливи извори. Предвидени се и повеќе билатерални средби за договорање конкретни чекори за регионална соработка.

Реклама

Давид Крстевски