Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Дали е на повидок тајна коалиција Ахмети – Апасиев – Филипче?

Оваа фотографија на која се гледа како кандидатката за градоначалник на Тетово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа фотографија на која се гледа како кандидатката за градоначалник на Тетово од Левица Катка Божиноска и Ардит Исмаили, кој ја води кампањата на кандидатот на ДУИ Бајрам Реџепи, седат заедно во еден локал, уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека во позадина веќе се крчка тајна коалиција меѓу овие две партии. Скопје во замена за Тетово – ДУИ во главниот град да гласа за Мециновиќ, а Левица да застане зад нив во битката за градот под Шара. Во сета мешаница, останува нејасна и улогата на СДСМ која на само 4-5 дена до избори уште тактизира кого ќе подржи. Официјално сите молчат и велат дека наскоро ќе кажале кој за кого ќе навива. Но, интересно е што самиот Мециновиќ избегнува директно да одговори кого ќе подржи неговата партија.

Портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, рече Мециновиќ на 25 октомври.

„Секој глас за ДУИ е глас за Левица“ – барем за Вреди нема дилема дека овие две партии се веќе во коалција.

Реклама

Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографија што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, е на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт – пишува Вреди во објавата.

За Скопје на Мециновиќ освен евентуалните гласови на ДУИ сигурно ќе му требаат и гласовите на СДСМ ако сака да ја намали тројната предност која ја има неговиот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓеорѓиевски. Тој веќе и јавно ги повика гласачите на Шукова и Филипче да застанат зад него во вториот круг.

Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се најголемите политички фактори. Тоа ќе охрабри голем број на граѓани кои беа на работ да излезат во првиот круг и да го дадат својот глас за нова опција. Нивната партија, иако нема што да се грижам за нивната партија, едноставно гледаме дека се наоѓа во вид на политичка криза. Сметам дека таму има многу луѓе кои ја делат визијата која јас ја претставувам. Ги повикувам луѓето кои ја поддржаа госпоѓата Каја Шукова во првиот круг, да ме поддржат мене во вториот круг – изјави Мециновиќ на 22 октомври.

Дали ќе остане само на овој апел или СДСМ официјално ќе го поддржи ќе се знае утре или задутре за кога Венко Филипче најави дека ќе го соопшти ставот на неговата партија.

Ние ќе донесеме конечен заклучок за тоа како ќе се поставиме и со кого ќе коалицираме во следните неколку денови, најкасно до средина на следнава недела некаде до среда. Во рамките на тие разговори апсолутно разговараме за двете работи, таму каде нас ни треба поддршка и таму каде што ние треба да дадеме поддршка, изјави Филипче на 26 октомври.

Од ДУИ пак, барем официјлано целосен молк. Ниту некој од партијата, а ниту нивниот лидер Али Ахмети кој само еднаш се појави во јавноста по поразот минатата недела  не кажуваат зад кого ќе застанат во вториот круг. Алфа се обиде да добие одговори од партиските портпароли Бујар Османи и Арбр Адеми, но освен дека ги виделе пораките, немаше друга реакција.

Попладнево пристигна соопштение со дообјаснување од Националната алијанса за интеграција во кое признаваат дека нивниот кандидат за градоначалник на Тетово се сретнал со Катка Божиноска од Левица, која испадна од трката во првиот круг. Сепак, оттаму тврдат дека станувало збор за поголем настан на кои биле присутни повеќе жени интелектуалки од градот, а не за посебен состанок на кој се говорело за политички теми или евентуална поддршка во вториот круг.