Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Настан за иновации во циркуларната економија и креативните индустрии во рамки на „Енерго-Технома 2025“

Во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго-Технома 2025“, денеска во арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи настанот „Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии“, посветен на новите индустриски трендови и одржливи решенија.

Како што информираат од Бизнис акцелератор УКИМ, на настанот ќе присуствуваат извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска, претставничката од Македонската асоцијација на метална индустрија, Марта Наумовска-Грнарова, и претставникот на Бизнис акцелератор УКИМ, Александар Стамболиев, кои ќе ги претстават содржината, програмата и иновативните решенија што ќе бидат изложени на саемот.

Настанот се организира во соработка со Францускиот институт во Скопје (IFS) и Македонската асоцијација на метална и електроиндустрија (МАМЕИ), како дел од иницијативата на ЕИТ за зајакнување на циркуларната економија во Македонија во 2025 година. Иницијативата има цел да ја поттикне соработката меѓу индустријата, академијата и креаторите на политики, како и да обезбеди подобар пристап на компаниите до европски и национални фондови и програми за поддршка.

Реклама

Во тек се лабораториски и истражувачки проекти во партнерство со водечки универзитети и центри, насочени кон развој на технологии за рециклирање, валоризација на отпад и одржливи материјали – чекор кон поконкурентна и циркуларна македонска економија.

Програмата на настанот ќе опфати свечено отворање и пет тематски панели, на кои повеќе од 30 говорници – меѓу кои и меѓународни, француски и македонски експерти – ќе презентираат најнови решенија, иновации и механизми за финансирање во областа на циркуларната економија. Дискусиите ќе се одржат од 10:30 до 17:00 часот, а потоа ќе следува вмрежувачка сесија со можност за средби со експерти и инвеститори.

Посебен дел ќе биде посветен на Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан, со фокус на регионалната соработка и позиционирањето на македонската индустрија како двигател на одржливи иновации.

Настанот се одржува како дел од „Енерго-Технома 2025“ (27–30 октомври 2025), со цел да го поттикне развојот на зелени технологии, индустриска циркуларност и креативни решенија за одржлив раст.