Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Националната опера и балет одбележан Националниот ден на Австрија

Честитки до Владата и коалициските партнери за успехот на последните избори вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честитки до Владата и коалициските партнери за успехот на последните избори вечерва упати амбасадорот на Австрија во Македонија Мартин Памер на свечениот прием во Националната опера и балет по повод Националниот ден на Австрија од каде порача дека двете држави имаат многу заеднички ставови што, според него, се рефлектира и во одличните билатерални односи на сите нивоа и во сите области.

Памер во своето обраќање потсети на значењето на националниот празник, денот кога Австрија го прогласи Законот за постојана неутралност, и го истакна патот на земјата низ историјата, особено во последните 100 години.

-И покрај надежите за мир, времињата не се подобрија, можеби дури и се влошија. Европа денес се соочува со војни, системски закани и глобални предизвици како климатските промени, демографијата и миграцијата, истакна амбасадорот Памер.

Реклама

Тој нагласи дека националните празници се можност за осврт кон постигнатото и подготовка за иднината, при што ја истакна успешната билатерална соработка меѓу Австрија и Македонија.

Австрискиот бизнис, потенцира Памер, останува најголем директен инвеститор во македонската економија. Амбасадата, заедно со партнери, придонесе во управување со кризите, поддршка на пожарникарски служби, развој на туризмот и културна соработка. Особено беше истакнат настапот на Филхармонијата на Македонија што ќе се одржи утре во Виена кој е прв ваков настап во австриската престолнина.

Во областа на безбедноста, Памер рече дека оваа година за првпат 70 австриски војници учествуваа во заедничка воена вежба во Македонија, а полициската соработка даде резултати во борбата против криминалот и нелегалната миграција.

Во социјалната сфера, Австрија годишно поддржува многу проекти, а неодамна беа отворени два нови центри – за семејства во социјален ризик и за социјална инклузија.

На крајот од свеченоста, амбасадорот Памер го додели „Златниот крст за заслуги“ на Република Австрија на, како што рече, четворица истакнати пријатели на Австрија, Свето Јаневски, Методија Мирчев, Христо Пејков и Иван Мирковски.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, началникот на Генералштабот Сашко Лафчиски, како и претставници од верските заедници, бизнис секторот и граѓанското општество.