Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска ги прими проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Атанас Конески, претставник на Културен и едукативен центар „Небрегово“, именуван по родното место на Конески.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, професорите ја информирале за преземените активности врзани за одбележувањето на 80 години од стандардизацијата на македонскиот литературен јазик, како и 80 годишнината од основањето на Филолошкиот факултет во Скопје.

Обајцата ја аргументирале заложбата за измена на Законот за државни награди заради додавање на наградите „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“.

Реклама

-За нив, најдобро време за доделувањето на наградите е месец декември, кога објацата се родени: Конески на 19-ти, а Несими на 25-ти. Со гордост истакнуваат дека двајцата биле професори на Филолошкиот факултет и она што е Конески за македонскиот јазик и македонистиката, е Несими за албанскиот јазик и албанологијата, стои во соопштението. 

Сиљановска-Давкова е убедена дека пратениците ќе ја препознаат оваа благородна идеја и со големо мнозинство ќе го изгласаат Законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди.

За неа, Конески и Несими се духовни великани на македонскиот и на албанскиот јазик, чии имиња одамна требало да симболизираат врвни достигнувања во белетристиката.