Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во работна посета на АВМУ

– Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, денеска во просториите на Агенцијата оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Кристоф Ле Риголер.

На средбата, како што информираат од АВМУ, соговорниците разговарале за повеќе прашања од областа на медиумската регулација, со посебен акцент на зголемувањето на присуството на француски аудиовизуелни содржини кај телевизиите кои се реемитуваат во земјава, како и на усогласувањето на националното законодавство со европската правна рамка, особено во делот на Актот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA).

На средбата било разговарано и за неопходноста од измени и усогласување на Изборниот законик, со кои би се надминале постојните недостатоци и би се одразиле современите состојби во изборниот и медиумскиот контекст.

Реклама

На крајот на средбата, директорот Трајчевски и амбасадорот Ле Риголер ја потврдиле заложбата за продлабочување и интензивирање на соработката меѓу Агенцијата и Француската амбасада.