Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Независниот кандидат за градоначалник Менди Ќира се запознал со условите во здравствените установи во Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира, заедно со министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, ги посетиле Специјалнизираната болница за нефрологија, Здравствениот дом и Општата болница, соопшти денеска прес-службата на Ќира.

За време на посетата, според информацијата, одблиску се запознале со условите во кои функционира здравствениот систем во Струга и ги слушнале барањата и потребите на здравствените работници.

Ќира, како што е наведено, истакнал дека, иако локалната самоуправа нема директни надлежности во областа на здравството, сепак е обврска на градоначалникот да иницира, бара и спроведува проекти што ќе придонесат за подобрување на условите во здравствените установи.

Реклама

– Струга заслужува здравствени институции со современи стандарди и одговорното локално управување може да направи многу повеќе за тоа да стане реалност. Грижата за здравјето на граѓаните е темел на едно здраво општество и тоа е еден од моите главни приоритети, како иден градоначалник на Струга, изјавил Ќира.

Министерот за здравство, Алиу пак посочил дека подобрувањето на инфраструктурата и зајакнувањето на човечките капацитети во здравствените институции во Струга е неопходно, и оти секој чекор во таа насока мора да се реализира во тесна соработка со локалната власт.