Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури

Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидбата на есенските култури која е во тек.

-Многу е важно да се запазат оптималните услови за сеидба: избор на сорта, квалитет на семе, временски услови, квалитет на почва, влага и прихрана. Само на тој начин сеидбата може да биде успешна. Времето на сеидбата има големо значење, може битно да влијае врз отпорноста на ниски температури, бидејќи директно влијае врз времето на поникнување, презимување на растенијата, а и врз приносот. Почвените услови се исто многу значајни, почвата треба да биде добро подготвена, неопходно е присуство на доволна количина лесно достапни хранливи материи, незаплевени почви со добри физички својства и умерена влажност, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Тие потсетуваат дека е во тек садењето на оделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите градинарски култури.

Реклама

-Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, снабденост на културите со потребните количества хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимски мразеви, примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики кој одговара на стандардите – најдобро е да се земат за сеидба од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба, употреба на квалитетно ѓубриво и други мерки. Доколку временските услови дозволуваат, треба да се продолжи со другите агротехнички мерки. Исто така треба и да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, напоменуваат агрометеоролозите од УХМР.