Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Мицкоски: Граѓаните можат да бидат спокојни, нема да има недостаток од гас

Новиот бран санкции од Европската унија и САД кон Русија нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот бран санкции од Европската унија и САД кон Русија нема да предизвикаат енергетска криза во Македонија. Додека светот стравува од криза во енергетскиот сектор и зголемување на цената на нафтата и гасот, Владата на Македнија ги следи случувањата и работи на тоа, граѓаните да не го почувствуваат ударот од санкциите кон Русија. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека Македонија нема да се соочи со криза, а како пример ги посочи и неодамнешните ремонтни активности на гасоводот , кога топланите работеа.

Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто – изјави Мицкоски, прашан дали по последните санкции на САД и ЕУ кон Русија треба  да стравуваме од нова енергетска криза.

Инаку, Европската Унија одлучи да го забрани увозот на руски гас во ЕУ од 1-ви јануари. Оваа одлука го вклучува и транзитот на таа енергија низ ЕУ до трети земји. Регулативата за ставање крај на зависноста од руската енергија со целосна забрана ќе стапи на сила од јануари 2028 година. Притоа, ќе продолжат да важат постоечките краткорочни договори склучени пред 17 јуни годинава кои ќе се спроведуваат до јуни догодина, а долгорочните договори до 1 јануари 2028 година. Сепак, Македонија нема да претрпи многу бидејќи нема голема потрошувачка. Дополнително изградбата на интерконекторот со Грција треба да придонесе Македонија да се снабдува со количини гас од друго потекло.

Реклама

Истовремено Русија доби санкции и од САД.  Американскиот претседател Доналд Трамп, за првпат во неговиот втор мандат, воведе санкции против Русија, насочени кон компаниите „Лукоил“ и „Росњефт“. Трамп изјави дека санкциите се насочени кон најголемите руски нафтени компании со цел Москва да биде ставена под притисок и да се согласи на разговори за мир во Украина.