Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Мицкоски му врати на Филипче: Kонтрадикторните критики на СДСМ не ја поткопуваат успешната работа на владата

„Ако периодот е прекраток за да се цени работата на Филипче во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ако периодот е прекраток за да се цени работата на Филипче во СДСМ, тогаш е прекраток и за да се цени работата на Владата“ – со оваа порака премиерот Христијан Мицкоски му возврати на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој ја критикува работата на Владата.

Мицкоски испрати директна критика до Филипче, оценувајќи ги неговите изјави како контрадикторни и неубедливи. Истакна дека истиот тој период за кој Филипче тврди дека е прекраток за да се оценува неговото раководење со СДСМ, тој го користи како основа за силни критики кон Владата.

Тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина нецели еве во декември ќе биде одкако е избрана и тука дава свој суд, но затоа пак никогаш не дава свој суд за своето претседателствување за истиот период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот период како таа работи. Мислам изјавите се какафонични и една со друга контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака којашто треба СДСМ да ја испраќа но добро, тоа си е нивна работа тие знаат како најдобро како треба“ нагласи Мицкоски.

Реклама

Од СДСМ во избориот период, но и претходно континуирано ја критукува работата на Владата. Во последно време на тапет им е економската политика која ја води Владата на Мицкоски.. Лидерот на СДСМ  Венко Филипче алармираше за, како што ја нарече, „фрапантна буџетска дупка“ во висина од 1,4 милијарди евра до крајот на 2025 година. Бројките ги претстави како аргумент дека економските политики не функционираат.

Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Според Филипче, економската состојба е алармантна, капиталните инвестиции слабо реализирани, а реалната економија – како што рече – не мрда од место.

Од друга страна меѓународните финансиски институции проектираат солидни стапки на економски раст. Откако Светска Банка излезе со проекција за зголемување на БДП од 3,1%, Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај наведува дека македонската економија годинава ќе порасне 3,4, а следната 3,2 отсто. Фондот смета дека годината ќе заврши со инфлација од 3,9, додека следната година таа треба да се спушти до нивото од 3%.