Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски: Промените во Карпош ќе се случат со Сотир Лукровски

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денеска од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот Љубљанска, со цел воспоставување на поуреден и функционален град.

-Kарпош има шанса еднаш засекогаш да расчисти со остатоците од транзицијата, а тоа е со актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски. Нашата светла опција е од другата страна, а тоа е нашиот Сотир Лукровски, којшто ќе ги направи промените заедно со мене и во Скопје, но и во општина Карпош, истакна Ѓорѓиевски. 

Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се соочува со целосен хаос и колапс на јавните претпријатија, а најголем проблем претставува нефункционалноста на Комунална хигиена и ЈСП Скопје. Тој додаде дека, и покрај ваквите услови и неактивноста на актуелниот градоначалник кој се занимава со самопромоција, заедно со Сотир Лукровски вложуваат максимални напори Карпош да биде почист и поуреден.

Реклама

-Во Скопје имаме целосен хаос и колапс на сите јавни претпријатија. Но она најмногу што не мачи изминатиов период е нефункционалноста на комунална хигиена и проблемите кои што ги имаме со нефункционалноста на ЈСП Скопје. Изминатиов период дека со Сотир даваме се од себе, да колку толку се амортизираат состојбите, во услови кога комунална хигиена не функционира, во услови кога вашиот актуелен градоначалник овде изиграва инфлуенсер и оди на поткасти што сам си ги прави со договорени негови прашања, вашиот Сотир кој што е вистинската опција за Карпош од 6 часот и пред 6 часот цел изминат период, помага за Карпош да биде почист, вели Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави дека веднаш по вториот круг од локалните избори, кога очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, прв приоритет ќе биде акцијата за целосно чистење на Карпош и Скопје во првите 72 часа.

-Во првата недела ќе имаме нормализирање на состојбите со ЈСП Скопје, но и ќе започнеме конечно да го откочуваме процесот за мостот Љубљанска да стане функционален, а вие да имате, нов начин на движење овде во Карпош, кажа Ѓорѓиевски.

Додаде дека тоа ќе бидат првите чекори и оти одговорно тврди дека се што е ветено во предизборната програма во наредните летири години ќе биде заеднички реализирано со Сотир Лукровски и со поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.