Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Тој испрати порака неговата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на заедничката државата без разлика на етничка верска и политичка припадност.

-Секој оној кој зборува за иднината на Македонија е добредојден мој соговорник секој кој зборува за поделби, посебно етнички поделби не само што не е добредојден мој соговорник туку тој не му мисли добро ниту на Македонецот ниту на Албанецот ниту на сите други останати делови на народи кои се наши сограѓани во Македонија. Јас сум убеден дека тоа ќе биде препознаено овде во Брвеница и масовно ќе биде отфрлено од жителите на општина Брвеница, бидејќи тие знаат да препознаат кој изминатите 4 години се грижеше без да прави било какви поделби во општина Брвеница, ниту по етничка ниту по верска ниту по политичка припадност, а ние како Влада покажавме со инвестиции и договори од половина милијарда евра во сите општини без разлика дали се леви или десни, дали се  провладини градоначалници или од опозицијата градоначалниците, секаде подеднакво под ист критериум инвестиравме, така се гради соживот така се гради заедничка држава и така се оди напред, со поделби може само да уназадуваме, нагласи Мицкоски.

Јовица Илиевски, актуелниот градоначалник на општина Брвеница и кандидат за втор мандат во изјава за медиумите рече дека е фокусиран на проекти, со што кажа дека и општината ќе продолжи да ја води во тој тренд.

Реклама

-Улици патишта, без разлика, на село, на население сите се рамномерно застапени во општината. Општина Брвеница ниту беше водена изминатите година врз база на етничка припадност, ниту ќе биде во иднина. Направивме спортска сала во Челопек, од 800 илјади евра, детска градинка, инвестиција од преку 400 илјади евра, во Гургурница камион за собирање на смет. Би го потенцирал примерот за соживот. Додека се реновираше училиштето во Брвеница ,околу 270 ученици секој ден ги носевме во Челопек. Никаков проблем немаше со месното население, овие повици на поделба на никого не носат добро, рече Илиевски.

Тој оцени и во првиот круг, тогаш имал гласови од албанската заедница и сега ги очекува.