Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти

Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти. Ова го истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се обрати на денешниот настан во општина Демир Капија, во рамки на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. 

Тој истакна дека кандидатката за градоначалник на општина Демир Капија, Наталија Димитриева со поддршката од граѓаните ќе има убедлива победа во вториот круг и општината ќе добие жена за градоначалник, за успех, напредок и реализација на многу проекти во Демир Капија.

-Би сакал да кажам дека Наталија направи исклучително добар резултат во првиот круг, убеден сум дека со вашата поддршка во вториот круг ќе имаме огромна  историска предност и Демир Капија ќе ја добие својата жена за градоначалник. Мојата недвосмислена поддршка за Наталија, жена која е голем патриот, борец за својата Демир Капија и која инспирира со својата работа, сигурен сум дека заедно со Наталија ќе направеме уште  многу добри проекти. Јасна е волјата на граѓаните во првиот круг на локалните избори. Имаме општина во која Владата има јасен, свој профилиран кандидат  и имаме  мнозинство во советот, сите предуслови за убедлива победа, истакна Мицкоски.

Реклама

Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од граѓаните, која мотивира, дава енергија и сила за нови успеси, притоа упати порака за масовна излезност на 2 ноември и заокружување на бројот 9 за Наталија Димитриева.

-Изминатите 16 месеци како Влада дадовме се од себе, за да можеме да испорачаме проект повеќе, за да испорачаме реформа повеќе за граѓаните, нешто што беше насушно потребно  после 7 години стагнација и уназадување, после 7 години грабеж, национално понижување, пустош којшто овие пред нас  го оставија во Македонија. Ни требаше освежување, со нова енергија со нова сила, таа енергија, таа сила, тие реформи, тој нов бран го понесе ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и благодарам за поддршката која цело време  ни ја давате. Затоа на 2 ноември да излеземе масовно да го заокружиме бројот 9 за Наталија, рече Мицкоски.