Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Македонија

Мицкоски од Дојран: Денешен современ патриот е секој кој добил доверба од граѓаните и работи напорно, чесно и трудољубиво

Премиерот и претседател на Владата Христијан Мицкоски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на Владата Христијан Мицкоски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во рамки на кампањата за вториот круг од Локалните избори 2025 што треба да се одржат на 2 ноември. 

На овие локални избори граѓаните дадоа поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во историски размери како никогаш досега. – Во 59 општини коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или освои градоначалник или е на првото место како што е случајот овде во Дојран или пак е многу блиску до првото место. Такви се шест општини каде што разликата се брои во една или пак во две цифри. Јас сум убеден дека на овие 33 градоначалници кои се избрани во првиот круг, ако се додадат овие два бидејќи противниците се откажаа, веќе се 35, дека ќе се додадат преостанатите 24 и бројката ќе биде 59. Ние се борриме за секој еден човек, за секое едно место, за секого мора да се потрудиме до максимум, рече Мицкоски. 

Мицкоски кажа дека во 58 општини ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победија со апсолутно или со убедливо мнозинство, за што оцени дека е историски успех и резултат. ВМРО-ДПМНЕ, е партија која легитимитетот го добива од граѓаните, и како што вели Мицкоски, таа доверба нема да се изневери и само ќе се надградува.

Реклама

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која што својот легитимитет го добива, тој легитимитет извира од граѓаните. И ние со нашето работење нема никогаш да дозволиме таа доверба да ја прокоцкаме, таа ја доверба да ја изневериме, туку напротив ќе се трудиме со нашето работење да покажеме и докажеме дека сме ја заслужиле таа доверба и дека само ќе ја надградуваме, истакна Мицкоски.

Оние, кои според него, работат искрено, чесно и трудољубиво да ја оправдаат довербата и на кои граѓаните им ја даваат довербата се денешните современи патриоти, асномци и илинденци, а не тие кои се кријат зад црни кампањи и ад хоминем напади.

– Секој оној, кој добил можност, ја добил довербата на граѓаните, и кој работи напорно, чесно, трудољубиво, кој е вреден, кој не се однесува надмено, туку напротив, се однесува понизно кон граѓаните, кон народот кој го избрал, е денешниот современ патриот, е денешниот гемиџија, е денешниот илинденец, асномец, а не оној кој што седи зад статусите и се крие со лажни имиња, кој навредува, кој лаже, кој води црни кампањи, кој напаѓа ад хоминем, со ниски страсти. Тие не се патриоти, тие се измамници, рече Мицкоски.