Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

Занаетчиската комора организира настан за подигање на свеста за борба против рак на дојка

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и надеж, Занаетчиската комора утре ќе организира симболичен и хуман настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка и значењето на превенцијата.

Настанот, кој ќе се одржи во просториите на „Тренинг центарот“ на ЗКРСМ, е дел од проектот „Образување и економско зајакнување на ранливите групи жени“, кој се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

Проектот има за цел да овозможи образовно, професионално и економско зајакнување на жените од ранливи категории, преку практични обуки, менторство и можности за личен развој.

Реклама

– Во рамки на утрешниот настан ќе учествуваат и девојчињата кои беа засегнати од неодамнешниот пожар и кои во моментов се дел од обуката за козметичар. Со симболичен гест на поддршка, тие ќе изведуваат розеви маникири за присутните дами, пренесувајќи порака на храброст, надеж и женска солидарност.  Со овој хуман чин, Занаетчиската комора на Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност на зајакнување на жените, промоција на нивните вештини и создавање можности за достоинствена и независна иднина, изјави Јелена Спасов, извршен директор на ЗКРСМ.

На настанот ќе учествуваат и учеснички од сите шест града каде што се имплементира проектот, Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп, Гостивар и Свети Николе, кои преку своето присуство и активност ќе ја зајакнат пораката за женска поврзаност, емпатија и поддршка.