Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, јасно и конкретно ги претставувам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, јасно и конкретно ги претставувам моите приоритети за урбаните заедници Населба Лисиче, Горно Лисиче и Долно Лисиче – за подобар, похуман и побезбеден живот на сите жители изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ.

Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром. Во Населба Лисиче, ќе се заложам за ревизија на Деталниот урбанистички план (ДУП) кој во сегашната форма не е во согласност со хуманото живеење, со бришење на висококатниците кои ја нарушуваат рамнотежата и инфраструктурниот капацитет на населбата.

Ќе спроведеме целосна реконструкција на објектот „Пчелка 1“ – градинка „Буба Мара“, како и хортикултурно уредување на неискористените простори. Посебен фокус ќе ставиме на грижата за зеленилото, урбаната опрема, хигиената и безбедноста на граѓаните, како и субвенции за еколошки системи за затоплување на домовите – во насока на почиста и поздрава животна средина.

Реклама

Во Горно Лисиче, на потегот ул. Тодор Чангов – Ѓорѓи Капчев, ќе изработиме нов ДУП кој ќе овозможи уреден и одржлив развој, со реконструкција на споредните улици и поставување на атмосферска канализација. Ќе спроведеме реновирање на детските реквизити во ООУ „Гоце Делчев“ и ќе обезбедиме ефикасно решение за дивите депонии со засилена работа на комуналната полиција.

Во делот Горно – Долно Лисиче, ќе изградиме велосипедска патека, ќе го прошириме и осветлиме патот кој ги поврзува двете населби, како и ќе обезбедиме редовно празнење на контејнерите и куќните канти. Ќе поставиме јавни чешми за вода и канти за отпадоци, ќе се изврши реконструкција на споредните улици и темелно чистење на шутот и дивите депонии, особено околу црквата и мостот на реката Вардар.

Овие мерки се дел од мојата визија за почиста, побезбедна и похумана Општина Аеродром, каде секој дел од општината ќе добие рамноправен третман и реални решенија за проблемите на граѓаните. Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром.