Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Почесна плакета за Ристо Гуштеров за ктиторството во изградбата на црквата во Пустец

На македонски бизнисмен Ристо Гуштеров денеска во Пустец му беше врачена почесна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На македонски бизнисмен Ристо Гуштеров денеска во Пустец му беше врачена почесна плакета за ктиторството во изградбата на црквата „Свети Архангел и Михаил”.

-Денеска во Пустец, имавме чест да го пречекаме  Ристо Гуштеров, еден од најголемите донатори кој несебично помогна во изградбата на храмот „Свети Архангел и Михаил“. Од име на друштвото и на Македонците  изразивме длабока почит за неговиот придонес, информираше Едмонд Темелко, претседател на друштвото.

Токму  по заложба на Темелко, како тогашен градоначалник почна изградбата на овој божји храм, кој е подигнат на темелите на поранешниот. Се наоѓа во центарот на Пустец на плоштадот „Гоце Делчев”. 

Реклама

Во знак на благодарност, Отец Алексо, на Гуштеров,  му врачил почесна плакета, како „симбол на признание за неговата поддршка и љубов кон македонската духовност и култура”. Во исто време Друштвото во име на Македонците во Албанија упати  честитка по повод 23 Октомври , како што стои, денот кога започна македонскиот сон.

Ние, Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и од цела Албанија, сме дел од таа историја. За жал сега надвор од границите, но во срцето на борбата. Дел од идеалот, од револуцијата и од љубовта кон татковината, стои меѓу другото во честитката.