Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Македонија

Лабудовиќ и Ѓорѓиевски во интензивна акција на расчистување на сметот

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ, заедно со кандидатот за прв човек на Скопје Орце Ѓорѓиевски, од рано утрово по центарските и скопските улици се во интензивна акција на расчистување на најгорливиот проблем со кој се соочуваат центарци и воопшто скопјани во последните неолку месеци – купиштата смет што го задушија Центар и главниот град, се наведува во соопштението од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Проблем кој особено ескалираше во последните две недели, со опасност да го претвори во жариште на опасни заразни болести кои може да предизвикаат далекусежни последици по здравјето на граѓаните.

Со логистичка поддршка во вид на механизација за чистење добиена од градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, неговиот колега од Кавадарци Митко Јанчев, како и од неколку помали општини од скопскиот регион Лабудовиќ и Ѓорѓиевски денеска уште од седум часот изутрина, празнично ги „светнаа“ поголемиот дел од улиците кои беа грдото наличје во централното градско подрачје. Ѓорѓиевски, како актуелен градоначалник на Кисела Вода го направи тоа и во својата општина.

Реклама

Во Центар целосно исчистени неколку маала – Кале, Пролет, Водно, добар дел од Капиштец, булеварите Водњанска и Климент Охридски, улицата Васил Ѓоргов како и 30-тина сервисно-станбени улици. Чистењето денеска продолжува и во Маџир Маало. Исчистени се повеќе мини депонии од кои досега одигнати се неколку десетици тони смет.

Операцијата – чист Центар и чисто Скопје продолжува интензивно и во наредните неколку дена до конечно нормализирање на состојбите, а пред завршувањето на вториот круг на локалните избори.

Центар и Скопје се сакаат со дела – не само со зборови!

Продолжуваме понатаму!!