Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Македонија

Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис имал неколку средби меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски, како што преку Икс информираа од грчкото МНР.

Од Министерството за надворешни работи на Грција објавија фотографии на Герапетритис со премиерите на Македонија и Косово Христијан Мицкоски и Албин Курти, со генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Амер Капетановиќ и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Синирлиоглу.

Нашата земја на Самитот во Лондон учествува со владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, додека пак од Грција е министерот за надворешни работи, а од грчкото МНР соопштија дека главните теми на Самитот се „зајакнување на регионалната безбедност, справување со нелегалната миграција и промовирање на регионалниот економски развој“.

Реклама

Премиерот Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Герапетритис куса средба имаа и на маргините на ланскиот Самитот на Берлинскиот процес.