Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ

Лични интереси и фрустрации, а не подобри услови за работа биле причина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лични интереси и фрустрации, а не подобри услови за работа биле причина за хаосот во Македонска Навигација кој се заканува да прерасне со штрајк на контропкорите на летање. Адвокатот на компанијата јавно предупредува дека синдикатот незаконски продолжува да притиска и да се заканува и покрај одлуката на судот дека најавениот штрајк е незаконски. Адвокатот Николоски вели дека причините за организирање на штрајкот апсолутно се нејасни за Управниот одбор на М-НАВ и вработените.Го обвини претседателот на Синдикатот Александар Тасевски дека ова е обид за негова лична одмазда.

“Барањето за забрана на штрајк се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и планови и програми за делување. Станува збор за целосна забрана на штрајк, кој е незаконски, а М – НАВ не побарал забрана на синдикално делувањето и на сите идни штрајкови. Веруваме дека станува збор за негова лична одмазда. И пред најавувањето на штрајот на прес-конференции сееше страв во јавноста дека ќе ни паѓаат авиони дека Македонија ќе биде центар на авионски несреќи”, вели Горан Николоски адвокат на М НАВ А.Д.

Синдикалците пак велат дека законски постапиле и имале право на штрајк. Тасевски е дециден дека Синдикатот на контролори на летање нема да отстапи од барањата.

Реклама

Причините за најавениот штрајк во М-НАВ, според синдикатот, се низа на неисполнети ветувања, особено спроведувањето на нова функционална анализа која би прецизирала што е потребно од системи во навигацијата, како и какви вработувања се неопходни, наспроти, како што кажаа, партиските, бидејќи на М-НАВ му треба квалитетен кадар.

Од менаџментот пак посочија дека побараното е исполнето и дека работите се движат според барањата на синдикатот.