Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Стојанов : Неготино избрано за најдобра локална заедница во Средна и Југоисточна Европа за развој на претприемништвото

Општина Неготино е избрана за најдобра локална заедница во Средна и Југоисточна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Неготино е избрана за најдобра локална заедница во Средна и Југоисточна Европа за развој на претприемништвото, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

Тој соопшти дека како како градоначалник на општина Неготино, од 15 до 18 овој месец присуствувал и зел активно учество   на   Меѓународниот   економски   форум  „Перспективи“, што се одржал во   Љубљана, Република Словенија, во организација на Светскиот конгрес на претприемачи. 

– На настанот преку аудио-видео материјал ги презентирав условите и можностите што нашата општина ги нуди за развој на претприемништво. На овој реномиран настан од страна на Меѓународниот економски форум, на општина Неготино и беше доделена големата награда и признанието „Глобаллокал“ за најдобра локална заедница во 2024/2025 година, за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото на територијата на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа, појасни Стојанов. 

Реклама

Тој сподели дека со посебна чест и гордост ја примил оваа награда и од името на граѓаните на општина Неготино, се заблагодарил за нејзиното добивање.