Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

МД „Илинден“-Тирана со честитка до ВМРО-ДПМНЕ за големата изборна победа

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана во допис до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана во допис до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од име на Македонците во Албанија, му ја честита, како што наведува, големата победа на вчерашниот изборен ден.

-Дозволете ми во мое и во име на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, како и на Македонците во Албанија, да ви честитаме за големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот изборен ден. Татковината Македонија уште еднаш ја покажа својата зрелост со одржувањето на мирни и демократски избори, стои во честитката.

Се посочува дека македонските граѓани одбраа кој ќе ги води македонските општини во наредните четири години и оти „ВМРО-ДПМНЕ која вие успешно ја предводите има направено огромен исчекор“.

Реклама

-Имате огромна поддршка од Македонците од Албанија, затоа што напредокот и благодатта на македонскиот народ претставува поттик за истрајност во напорите за негување и промоција на македонскиот национален, јазичен, културен и духовен идентитет на Македонците во соседството. Во име на Македонците од Албанија, уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас, стои во честитката.

Претходно, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото ги повика „Македонците од Албанија со право на глас масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ“.