Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Борозанов во „Бизнис-клуб“: Членовите на УО на СКСМ се исполнети со својата професија и посветени на заедницата

М-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

М-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје, но и претставник на помладата генерација во Управниот одбор на Стопанската комора, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески го сподели своето гледиште за составот на Управниот одбор на Комората, за работењето на Стручната служба во Комората, како и за улогата на стручниот кадар и за финансиската политика.

„Членовите на Управниот одбор на Стопанската комора се професионалци  исполнети со својата работа, кои сакаат да придонесат за заедницата и побргу да ги придвижат работите во правецот кој го посакуваме сите“, изјави м-р Борозанов.

 Запрашан за предизвиците во финансискиот систем, истакна дека најголем проблем претставува хартиеното работење. Сепак, дигитализацијата, според него, донела значителни подобрувања во однос на изминатите години. Тој нагласи дека треба да се има јасен приод спрема она што се работи: 1) активностите да се гледаат низ призмата на бизнисот; 2) секој процес треба да има финансиска основа и 3) да се постигне резултат и на финансиски план, што ја оправдува вложената работа.

Реклама

„Во спротивно работењето би било бесмислено“, додаде Борозанов.

Во продолжение на поткастот стана збор за стручноста и знаењето на кадарот во нашата земја. М-р Борозан потсети дека Македонија отсекогаш имала квалитетен кадар кој бил ценет и надвор од земјата, но, за жал, денес неговиот потенцијал не е доволно искористен.

Претседателот Азески како пример го спомена Андреја Јосифоски, претседател на УО на „Макпетрол“ АД Скопје, кој својата професионална репутација ја изградил во Лондон во 90-тите години. Тој ја презел компанијата во период кога „Макпетрол“ го изгубил монополот на домашниот пазар и, успешно справувајќи се со предизвиците, успеал да ја задржи на врвот меѓу македонските компании според вкупниот приход. Со тоа докажал дека „Макпетрол“ може рамноправно да се натпреварува со големите компании на енергетскиот пазар.

На крајот на поткастот, запрашан за опстанокот и за иднината на државата, м-р Михајло Борозанов порача: „Најпатриотски чин е да се остане тука во земјава, да се создава тука, да се креираат вредности и да се плаќаат даноци.“