Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и повеќето скопски општини, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 55,77 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 17,69 проценти.

Во Бутел, води Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 43,24 проценти пред Исамедин Азизи од НАИ со 35,60 проценти.

Реклама

Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 55,62 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 20,20 проценти. Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 59,90 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 21,99 проценти.

Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 35,29 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,41 проценти. Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 58,99 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 16,65 процент.

Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 41,74 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 28,50 проценти. Во Сарај, води Блерант Рамадани од НАИ со 50,17 проценти, додека Мухамет Елмази од ВРЕДИ има 48,12 проценти.

Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 51,55 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 37,66 проценти. Во Шуто Оризари, води Курто Дудуш од Унија на Роми со 37,11 пред Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со 26,98.