Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Делегација на МПЦ-ОА, предводена од митрополитот Петар во посета на Валаам

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во состав од Митрополитот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во состав од Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, викарот на Преспанско-пелагониската епархија, Епископот Велички г. Николај и раководителот на Издавачкиот оддел на Скопската епархија, јеромонах Атанасиј Арсоски на 15 октомври на покана на патријархот Московски и серуски г.г. Кирил пристига во Валаам.

Веднаш по пристигнувањето на островот, како што објави Литургија.мк. гостите, во придружба на Валаамскиот монах, отец Наум (Петковски) – родум од Македонија и водичот на поклоничката служба на обителта, Даниил Колесников го посетиле храмот на Господовото Преображение, каде што се запознале со главните светињи на манастирот и се помолиле пред нив.

Како што се наведува во написот во топла и братска атмосфера се одржала средба во братски дух со игуменот на Валаамскиот манастир, Епископот Троицки г. Панкратиј. По неговата покана гостите ги посетиле игуменските гробишта, каде што архијереите отслужиле помен на гробот на приснопамјатниот Валаамскиот отец родум од Македонија – архимандрит Методиј (Петров).

Реклама

Соборна архијерејска Литургија во храмот на рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, во поклоничкиот дом „Словенски“ се одржа вчера изутрината. На Литургијата началствуваше Митрополитот Петар, во сослужение со Епископите Панкратиј и Никола.

За време на богослужбата, на заупокоената ектенија биле спомнати приснопамјатниот архимандрит Методиј, по чиј труд е изграден овој храм, како и неговите родители, Кирил и Слободка.

-Главната животна желба на отец Методиј, кого во свое време Неговата Светост Патријархот Кирил го нарече „пратеник на Македонија во Русија“, беше признавањето на автокефалноста на канонската Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, што се оствари во мај 2022 година, една година по неговото блажено упокојување, се наведува во објавата.

До 2022 година, се вели во написот, претставници на Македонската Црква ги посетуваа пределите на Русија, вклучително и Валаам, но никогаш не служеле Литургија и не се причестувале. -Поради тоа, денешниот ден има историско значење, како што истакна Игуменот на Валаамскиот манастир, Епископот Троицки Панкратиј, во своето слово по завршувањето на богослужбата, објави Литургија.мк.

-Првпат по признавањето на автокефалноста, делегација на Македонската Православна Црква ги посетува светињите на Руската Православна Црква, и првпат имаме голема милост од Седржителот да се причестиме од едната Христова Чаша, изјавил Митрополитот Петар.

-По затворањето на Валаамскиот манастир во 1940 година, многу монаси се разотидоа на различни места, меѓу кои и во Македонија и други балкански земји. Ние ги паметиме и им благодариме за нивниот пример на вера. Верувам дека Македонија ја врати таа чест преку личноста на архимандрит Методиј, кој живееше на Валаам цели 28 години, додал тој.

Во наредните денови, се додава во објавата, ќе продолжи запознавањето на делегацијата на Македонската Православна Црква со скитовите и знаменитите места на Валаамскиот архипелаг.