Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мециновиќ пешачеше низ Скопје: Градот е во лоша состојба, но има надеж

Сите ние во Скопје се сложуваме дека работите не ги бива. Не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите ние во Скопје се сложуваме дека работите не ги бива. Не ни требаат студии, експерти или проценки, сите живееме тука и состојбата е крајно лоша, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, кој денеска пешачеше од општина „Ѓорче Петров“ до Ново Лисиче, каде граѓаните ги споделувале секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

Мециновиќ нагласи дека е време политичките чинители да покажат дека промените се можни и дека постои надеж и истакна дека позитивната кампања која ја воделе во изминатиот период дава основа за оптимизам. Тој очекува дека Левица има реални шанси да влезе во вториот круг од изборите и да се натпреварува за управување со главниот град.

-Мојата мотивација за влез во оваа трка произлегува од искуството како член на Советот на Град Скопје, кој беше крајно дисфункционален и деструктивен по интересите на граѓаните. Знаејќи како досега се однесуваа градските власти, сметаме дека навистина нешто може да тргне во позитивна насока, рече Мециновиќ.

Реклама

Мециновиќ ги потенцираше клучните заложби на неговата програма како што е подобрување на јавниот превоз, системска борба против загадувањето на воздухот преку третирање на изворите, а не само симптомите, како и зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија.

-Нема да дозволиме приватизација на ниту еден капацитет на Град Скопје, порача тој, додавајќи дека инспекциските служби мора да бидат окрупнети во рамки на градската администрација за да се обезбеди ефикасна контрола. На крајот, Мециновиќ ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на претстојните локални избори.

-Се работи за животниот простор, за секојдневното живеење, за работниците кои не можат да стигнат навреме на работа, за мајките кои чекаат да се намали загадувањето за да ги изнесат децата надвор. Се однесува на сите нас, повика Мециновиќ на гласање в недела.