Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија 

Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние како држава сме подготвени да продолжиме со поддршката за Украина, но не може само постојано да се дава, без даденото да биде заменето, бидејќи најважна од се е нашата татковина, порача од Брисел министерот за одбрана Владо Мисајловски. 

 – Во минатото како држава сме дали многу пакети, но јас многу внимателно влегувам и давам изјави во врска со тоа, бидејќи она што е дадено како ресурси од наша страна, мора да биде заменето. Не може само постојано да се дава, без да биде заменето. Ценам дека тоа е исправно, бидејќи јас сепак сум министер на Македонија и морам да се грижам за македонската војска и македонскиот народ, истакна Мисајловски, кој денеска во Брисел учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. 

Мисајловски посочи дека во НАТО повторно се засилува прашањето за поддршка на Украина, бидејќи украинската војска и самата држава имаат доста потреби за дополнителни ресурси, па во тој правец постои постапката за купување на опрема преку САД за потребите на Киев, како и други иницијативи за поддршка преку пакети за помош или со финансиски средства. 

Реклама

Министерот посочи дека земјава во моментов работи на неколку иницијативи со различни држави во чии рамки се разговара за помош, како и за добивање дополнителни средства во форма на грантови. 

– Се надевам дека во наредниот период ќе направиме добри чекори каде што ќе добиеме многу средства за да ја подобриме состојбата кај нас во државата, па потоа може да разговараме за дополнителна поддршка (за Украина). Значи, помош да, но не по секоја цена, бидејќи најважна од се е нашата татковина, рече министерот. 

Мисајловски нагласи дека нашите пријатели во НАТО имаат разбирање за ваквиот став дека сме подготвени да помогнеме, но дека и преку други иницијативи ќе се обидеме дополнително да обезбедиме многу средства за Армијата. 

Меѓу тие иницијативи, како една од можните опции е и инструментот на ЕУ, Безбедносна акција за Европа (САФЕ), преку кој може да се аплицира за средства за заедничка набавка на различна опрема. 

– Разговараме и на тоа поле, но најважно е да ги имате средствата во сопствениот буџет за да купувате опрема. Ние тоа го правиме секоја година со зголемување на буџетот. За следната година проектираме повисок буџет, се разбира, да видиме какви ќе бидат околностите, рече Мисајловски. 

Покрај САФЕ, според него, постојат и различни други видови на механизми, преку кои може да се помага. 

– Ги разгледуваат сите, но сепак ќе кажам: колку ќе имаме капацитет да помагаме, толку и ќе помагаме, бидејќи сепак приоритет мора да биде нашата Армија, додаде Мисајловски.  

Тој посочи дека на состанокот станало збор и за обврските што треба да ги постигне секоја од земјите членки за да ја оствари целта за издвојување на пет отсто од својот БДП за потребите на одбраната. 

– Начелно најмногу се гледа како која земја ќе го достигне својот лимит за тоа како ќе ги исполни своите обврски или јас би кажал подиректно, како ние да ги испорачаме нашите цели на способности во наредниот период, рече министерот за одбрана. 

Мисајловски ги запознал своите колеги дека нашиот буџет за одбраната е во најдобра кондиција досега, како и дека над 40 проценти од средствата на Министерството ќе бидат одвоени за модернизација и за набавка на опрема. 

– Тоа е навистина висока рамка за модернизација за која било членка. Се разбира, согласно нашите потреби и капацитети, ќе настојуваме во следниот период дополнително да имаме нови проекти и да потпишеме договори за подобрување на условите во Армијата и во државата, потенцира Мисајловски. 

На средбата се разговарало и за сите глобални ризици што ги засегаат сите земји во НАТО, а министерот Мисајловски го покренал и прашањето за Западниот Балкан и нашето учество во мисиите КФОР во Косово и АЛТЕА во БиХ.