Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Митовски: Најавувам ред и сообраќајна револуција во Гази Баба, три нови кружни текови

Сообраќајниот хаос кој владее во нашата општина мора конечно да запре. Гази…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сообраќајниот хаос кој владее во нашата општина мора конечно да запре. Гази Баба денес се наоѓа на најниско сообраќајно ниво од нејзиното постоење. Наместо да се развива плански и рамномерно, се гради без визија и без стратегија, Изјава за медиуми, Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба, се наведува во соопштението од изјавата на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба од СДСМ.

Затоа, еден од моите први приоритети ќе биде решавањето на сообраќајните тесни грла. Токму овде — на крстосницата на улицата „Киро Глигоров“ со „Индустриска“ — ќе се изгради кружен тек кој значително ќе го намали метежот во ударните часови. Оваа точка претставува клучна сообраќајна артерија која ја поврзува општината со Аеродром, а дополнително, во овој дел се изградени бројни нови висококатници во кои се вселија многу жители.

Истовремено, на сегашната раскрсница што ги поврзува улицата „Благоја Стефковски“ со улицата „Маџари“, ќе биде изграден втор кружен тек — затоа што токму тука секојдневно се создава најголем сообраќаен метеж и нервоза кај возачите.

Реклама

Како трет клучен проект за намалување на сообраќајнит метеж е и изградба на клучка или кружен тек на влезот од Скопје на бул. Александад Македонски, решение кое ѓи ги поврзе Хиподром и Инџиково со автопат и значително ќе го растерети сообраќајот по ул. Благоја стефковски и М.а. Ченто. Со овие мерки, Гази Баба ќе стане пример за модерна и сообраќајно уредна општина.