Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Лашкоска на Вториот министерски состанок во Дубровник: Македонија ја реафирмира целосната политичка посветеност за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан

Македонија е подготвена да работи со сите партнери за да ги претвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е подготвена да работи со сите партнери за да ги претвори регионалните заложби од Зелената агенда во мерливи резултати – за здравјето на своите граѓани, благосостојбата на идните генерации и заштитата на животната средина, рече денеска заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска на Втората министерска конференција што се одржува во Дубровник.

Како што посочи Лашкоска во обраќањето на еден од панелите, Зелената агенда за Западен Балкан е темел за зелената транзиција и се стреми кон операционализирање на заедничките цели на овој регион.

-Македонија ја реафирмира својата целосна политичка посветеност за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, како темел на нашиот пат кон одржлив развој, европска интеграција и климатска отпорност. Свесни сме дека заштитата на животната средина, зелената транзиција и одржливото управување со ресурсите не се предизвици со кои се соочуваме самостојно, туку се заеднички одговорности што бараат солидарност, координација и колективна акција низ целиот регион, потенцира заменик-министерката.

Реклама

Според неа, регионот се соочува со бројни заеднички еколошки предизвици — загадување на воздухот и водата, управување со отпадот, адаптација кон климатските промени, загуба на биодиверзитетот.

-Ниту еден од овие проблеми не ги признава државните граници. Во тој контекст, регионалната соработка не е само пожелна, туку и неопходна. Денес сме тука не само како претставници на нашите влади, туку и како партнери во заедничка визија — за почиста, поздравa и поотпорна Европа и Западен Балкан, подвлече Лашкоска.

Информира и дека Македонија презема значајни чекори за усогласување на националните политики со петте столба на Зелената агенда.

-Процесот на скрининг за Поглавјето 27 е завршен со позитивна оценка за институционалната подготвеност, напомена Лашкоска, осврнувајќи се детално на преземените активности и резултатите во однос на декарбонизацијата, биодиверзитетот, циркуларната економија и намалувањето на загадувањето.

Таа го поздрави и усвојувањето на Декларацијата од Дубровник што денеска во рамки на состанокот треба да се официјализира. Лашкоска ја квалификува Декларацијата како заедничка политичка платформа што ја зајакнува регионалната соработка, го забрзува усогласувањето со Европскиот зелен договор и ја поддржува трансформацијата на економиите од регионот согласно стандардите на ЕУ. Зад Декларацијата стојат Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Косово и Албанија.