Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Сиљановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција

Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини. 

Овајцата делиме став дека проширувањето мора да се темели на Копенхашки критериуми од кои, како што рече, не треба да бегаме.  – Значи да е засновано на заслуги и да е засновано на резултати,  да не зависи од дополнителни ирационални политички условувања кои на некој начин го узурпираат процесот на евроинтеграцијата, рече Сиљановска-Давкова.

Претседателката Сиљановска-Давкова  рече дека нашата надворешна и безбедносна политика, а тоа, како што рече, го знаат сите членки на ЕУ и сите институции и нивни функционери во ЕУ, е целосно усогласена со онаа на ЕУ. 

Реклама

– Ние продолжуваме активно да придонесуваме за колективната и за регионалната безбедност бидејќи таа безбедност е и наша безбедност, потенцира претседателката. Порача дека е потребна поголема соработка, меѓусебна доверба, солидарност, не само во ЕУ и НАТО, туку и во рамки на Обединетите нации.

Денешната средба, како што рече, е потврда дека има одлични билатерални односи меѓу Македонија и Словачка како израз на зеадничката волја и решеност за продлабочување во иднина. 

– Политичките односи беа и денес ги оценивме како исклучително добри. Посакувам подобра економска соработка, но за таа цел го поздравувам потпишувањето на Меморандумот за економска соработка и очекувам да отвори нови можности за проекти, инвестиции и за бизнис партнерства, рече Сиљановска-Давкова.

– Со Словачка не врзуваат заедничкото наследство на светите браќа Кирил и Методиј, блиски култури односи, сестрано и долготрајно пријателство, потенцира претседателката.

Посочи дека верува во културна дипломатија и додаде дека ја цени заинтересираноста на словачката академска јавност за македонски јазик и култура.

– Таа е толку јасно изразена со објавувањето на првиот учебник по македонски јазик за Словаците и повторното воведување настава на македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, каде исто така денес успешно функционира Лекторатот за македонски јазик. Тоа е за огромна почит, истакна Сиљановска-Давкова. Потсети дека летово како покровителка на СВП се сретнала со словачкиот поет Иван Штрпка, добитник на годинашниот „Златен венец“.