Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска информираше за поднесените извештаи од учесниците на изборите за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за Локални избори 2025, коишто се поднесуваат на 11-от ден од изборната кампања. Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од вкупниот број на учесници во изборната кампања, посочуваат од ДКСК. 

Согласно Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2025 година, имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање, како и вкупен финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходите на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.

– Согласно рокот за доставување на Извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања, за период од отварање на сметката до 11-от ден од изборната кампања односно заклучно со 09.10.2025 година до 24,00 часот, до ДКСК доставени се вкупно 61 извештаи, што изнесува нешто над 35% од вкупниот број на учесници во изборниот процес. Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи. По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаи од политички партии.

Реклама

Извештаите за донации се објавени на веб страната на ДКСК, на следниот линк: ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 – Државна комисија за спречување на корупцијата.