Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Филипче: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата за правдата и слободата, за нашиот дом

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска во чест на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, оствари средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ. Тој честитајќи го големиот македонски празник, го исткакна аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава.

На средбата било истакнато  дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – на страната на слободата, правдата и одбраната на достоинството на секој еден човек.

-Имавме одлична средба денеска со претставници од Сојузот на борци, секој еден од нив – директни потомци на народни херои, првоборци, луѓето коишто со крв се вградија во темелите на оваа држава, кои што покажаа со дела и со борба дека Македонија ја сакаат повеќе од сè, рече Филипче.

Реклама

Тој додаде дека борбата за подобро општество не е завршена, и треба уште многу да се работи за целосно да се исполни аманетот на нашите предци.

-Треба уште многу да работиме напорно, да ја зајакнеме оваа држава, да го завршиме евроинтегративниот пат, за Македонија да биде убаво место за живеење во кое што младите ќе ја гледаат иднината. Да го најдеме начинот да постигнеме национален консензус и да се бориме против најголемите непријатели на денешнината, а тоа е корупцијата,  партизацијата и сиромаштијата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.