Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Димовски: Овој ден е симболот со што се означува непокорот на македонскиот народ

На сите граѓани на Македонија им го честитам празникот 11 Октомври –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На сите граѓани на Македонија им го честитам празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, ден на македонската борба за слобода, еден од најзначните во нашата историја и во создавањето на македонската државност, пишува во денешното соопштение од Социјалистичка партија на Македонија.

11-ти Октомври 1941-ва, е денот кога македонскиот народ го направи историскиот чекор, својствен за сите историски големи, правдољубиви и слободарски народи, и ја започна големата Народноослободителната борба за ослободување на Македонија од нацистичкиот и фашистичкиот окупатор.

Овој ден е симболот со кој се означува непокорот на македонскиот народ и неговата непоколеблива борба против суровиот фашизам, борба за народно ослободување и за национална и социјална правда. 

Реклама

Во крвавите години исполнети со многу борби, злосторства, жртви и искушенија, македонските партизански единици не потклекнаа и заедно со слободољубивиот народот на Македонија храбро војуваа кон конечното ослободување.

Македонскиот народ и Народноослободителниот фронт на Македонија се изборија за вториот македонски Илинден, државотворниот АСНОМ, остварувајќи ги идеалите на многу генерации за слобода и сопствена држава.

Горди сме на нашите предци и нашите идеолошки претходници за нивното учество, дадените жртви и големата храброст затоа што без 11 Октомври 1941-та ние нема да го имавме ниту вториот ниту третиот Илинден. Благодарение на 11 Октомвриското востание ние се изборивме и за слободата и за државноста и за независноста.

Длабоко се поклонуваме на нивните жртви, со голема благодарност за нивната одлучност и храброст за извојуваната слобода и поставувањето на темелот на нашата државност.

Затоа денес, токму на овој голем празник, уште еднаш се потсетуваме на заветот кој тие ни го оставија, достојно и гордо да го чуваме, негуваме и почитуваме највредното што го имаме, нашата Македонија!

Нека ни е вечен Денот на народното востание!

Вечна да ни е слободата!

Да живее Македонија!