Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

Криминалот на СДСМ и договорените тендери со компанијата Марковски за  кои ние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот на СДСМ и договорените тендери со компанијата Марковски за  кои ние како ВМРО-ДПМНЕ многу говоревме, бидејќи имавме големи сомнежи, излегоа дека се вистинити, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Фирмата Марковски која во период од 2 години, заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени. 

Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари. Тендери за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДСМ да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити.

Реклама

А денес сме повторно сведоци како СДСМ излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски, да му се досуди куќен притвор. 100 милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ.

Наместо  да ги казнува криминалците, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни е и правда и одговорност.