Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

По три години затвор за тројцата обвинети за депонијата „Вардариште“

Вкупно девет години затвор за предизвикувањето голем пожар на дивата депонија Вардариште. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно девет години затвор за предизвикувањето голем пожар на дивата депонија Вардариште. По 3 години затвор добија Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи затоа што создале депонија спротивно од прописите со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и на воздухот.  

Откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност. 

  • „Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на закон за зивотна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината и поради тоа се осудуваат на казна затвор по 3 години“, им ја соопшти судијата пресудата на обвинетите“ рече судијката Бранка Наумовска.

Како олеснителна околност се смета тоа што се со семејства, тие се неосудувани и невработени. Тежината на кривичното дело и влијанието врз животната средина од кривичното Судот ги засмета како отежителна околност. Одбраната ќе ја обжали пресудата.

Реклама
  • „И покрај тоа што е складиран отпад без одобрение, без фирма и безлиценца, тој отпад е претежно железо и други метали и на местотот каде е складиран отпадот воопшто не е палено“ рече Костадин Веселиновски, адвокат.

Сите тројца на минатото рочиште ја признаа вината за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад. Тие тогаш изразија каење и истакнаа дека нема да го повторат делото.

Според обвинителството тие бидејќи во периодот од 2020-та, заклучно со втори септември годинава, противзаконски вршеле откуп на старо железо, стари акумулатори и други обоени метали, кои ги оставале во импровизирани објекти и пунктови, со што довеле до настанување на диви депонии. Дополнително тие не поседувале никакава лиценца за врешење на оваа дејност.