Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Георгиевски: Илинден е пример за чиста и уредена општина, изградивме нов здравствен дом, нов спортско рекреативен центар

Кандидатот за градоначалник на Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека програмата за следните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека програмата за следните 4 години се темели на развој, просперитет, изградба на модерна инфраструктура, образование, водоводна и канализациска мрежа, и други столбови кои тој ги ветува пред граѓаните.

Георгиевски даде мал осврт на она што е сработено изминативе 4 години во општина Илинден.

„Во делот на инфраструктурата изградивме и реконструиравме над 80 патишта. Во месноста Јака, изградивме улици којашто беше запоставена, изградени се улиците 101, 109, 120, 119. Во делот на патната инфраструктура комплетно е реконструиран патот од Миладиновци до Бујковци во должина од 1500 метри, патниот правец од Бујковци до Мршевци во должина од 1100 метри, патот кон Ајватовци или улицата 36 во должина од 700 метри е комплетно реконструирана, улицата 8 е комплетно реконструирана со нови тротоари од над 1000 метри. Комплетно е реконструирана со нови пешачки патеки улицата 532, каде што реконструиравме и водоводната линија, којашто беше запоставена години и години, и таму имаше секојдневни дефекти. Ова е дел само, ќе немаме време за сите проекти“, истакна Георгиевски во одговор на неговиот против кандидат.

Реклама

Георгиевски додаде и некои други успеси со коишто општината се развива изминатите 4 години.

„Комплетно проектирање на фекална канализација во месноста Плац, од неколку километри, комплетно проектирање во делот на Кадино, каде што нема фекална канализација, двата сегмента се завршени, почнуваме со третиот. Во делот на спортот, направивме спортско рекреативен центар, со атлетска патека, со тартан подлога, со трибина, ги реконструиравме сите спортски терени во сите населени места, теретана на отворено во Марино, во делот на здравствената заштита, комплетно нов здравствен дом“, порача тој.

Во делот на животната средина, Георгиевски се пофали дека Илинден е една од најчистите општини во околината на градот, како и со чистење на 28 диви депонии.

„Сите оние коишто транзитираат низ општината, можат да кажат дека Илинден е неколку скалила почиста од другите. Во делот на депониите, исчистивме 28 диви депонии, имаме слики за тоа каде биле и како сме ги исчистиле. Во 2025 година имаме транспортирано 5,5 илјади тони кон Дрисла, а до 2021 година, 3296. Тоа е зголемување за 80%, не пораснала општината. Претходно беше носен во овие диви депонии, кои сега се исчистени. Исто така, имаме и 0 денари долг кон Дрисла“, заклучи Георгиевски.