Реклама
Прилози

По вчешната хаварија, пукната цевка од голем формат, водоснабдувањето во Скопје се нормализира

Силна експлозија синоќа околу 21:30 часот ги разбуди жителите на Влае и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна експлозија синоќа околу 21:30 часот ги разбуди жителите на Влае и го остави половина Скопје без вода. Пукна главна водоводна цевка со пречник од 600 милиметри на улицата „Франце Прешерн“, по што огромен воден млаз висок неколку метри ја поплави околината. Истовремено, втор дефект се случил во бунарското подрачје во Нерези, на линија со профил Ф-400. Граѓаните кои први се нашле на местото го пријавиле проблемот околу 21 и 30 часот. Велат дека на службите им требало околу час и половина да почнат со санација на дефектот. 

„Во 21 и 20 прво снема струја пет минути. Па во 21 и 30 се слушна експлозија како бомба и почна да бучи. Водата излегуваше два метри во воздух и целата улица беше поплавена. Течеше кон Вардар и почна да го руши кејот. Се јавивме во Водовод, но службите дојдоа по саат и пол. Околу 23 часот ја сопреа водата, сега има, ама со намален притисок.“

Од Водовод не сакаат да коментираат ништо дополнително, освен она што го соопштиле преку социјалните мрежи. Проблемот наводно бил како последица на променливиот притисок во системот, предизвикан од повремените прекини на струја во пумпните системи во Лепенец и Нерези. Се огласија од Синдикатот на Водовод од каде велат дека се интервенирало со алтернативен начин на водоснабдување за да се нормализира состојбата:

Реклама

Скопје се снабдува со вода од два целоводи фи 1600 едниот е наречен градски а другиот железарски. Во текот на вечерта е направено преспјување како бајпас, но пуштена е вода во градскиот водовод од другиот железарски водовод па водоснабдувањето се стабилизираше“, изјави, Стојанче Кашиковски од синдикатот на Водовод.

Улицата „Франце Прешерн“ во Влае од поплавен пат стана градилиште. Работниците и машините работат за градот повторно да има нормален тек на вода.

„Екипите на Водовод од синоќа се на терен и работат на целосно санирање на дефектот, од претпријатието велат дека проблемот со снабдувањето бил сериозен, но дека сега е целосен надминат.

Синоќешната хаварија предизвика огромни негодувања кај граѓаните.  Од „Водовод и канализација“ сепак уверуваат дека мрежата била стабилна и дека во следните денови ќе се направат дополнителни проверки за да не се повтори ваков дефект.