Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје. За жал, сликата денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центар мора да биде најбезбедната општина во Скопје. За жал, сликата денес е поинаква – темни и небезбедни улици, сообраќаен хаос и чувство на несигурност кое секојдневно го чувствуваат граѓаните, наведува во изјава кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето За Наша Македонија – ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ. 

Тој нагласи дека безбедноста на граѓаните е основа за квалитетен живот и дека токму затоа во својата програма предвидува пакет од системски решенија:

-Формирање на редарска служба – локален тим кој секојдневно ќе се грижи за јавниот ред, заштитата на јавниот имот и превенција на недозволени активности.

Реклама

-Засилена координација со полицијата – со почести патроли, особено во вечерните часови на фреквентни локации, плоштади, маала и простори каде што најчесто се движат младите и семејствата.

-Современ систем за пријавување проблеми – контакт-центар и мобилна апликација кои ќе овозможат граѓаните за неколку секунди да пријават проблем или инцидент, а институциите веднаш да реагираат.

-Модерен видео-надзор – поставување на камери на клучни и критични точки во општината, со строга регулација и почитување на приватноста, исклучиво со цел заштита и превенција.

-Подобро осветлување – темните улици ќе станат минато, со ново и енергетско-ефикасно јавно осветлување, кое ќе даде чувство на сигурност и ќе ја врати довербата кај жителите.

„Безбедноста не смее да биде луксуз. Таа е задолжителен услов за достоинствен живот. Центар мора да има осветлени улици, јасен ред и заштита на секој граѓанин. Затоа се обврзувам дека веднаш ќе започнеме со имплементација на овие решенија. Нашата цел е Центар да стане општина во која секој – од најмладите до највозрасните – ќе се чувствува сигурно, спокојно и заштитено,“ порача Лабудовиќ.

Тој додаде дека ваквиот систем нема да биде само реакција на проблемите, туку ќе гради трајна превенција и ќе создаде култура на одговорност, соработка и заедништво. „Современа општина мора да има ред и безбедност за сите. Центар мора да биде безбеден – и ќе биде безбеден!“ заврши Лабудовиќ.