Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Меџити: Чаир ќе добие Младински центар, дом на младински идеи и иновации

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити и кандидатот за општински советник, Аритон Рама, денес го претставија еден од клучните приоритети на изборната програма, изградбата на Младинскиот центар, проект кој има за цел да им го овозможи на младите просторот кој им недостига за развој, креативност и иновации, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

“Со задоволство го претставувам еден од најзначајните и најдрагите проекти за мене лично, Младинскиот центар на Чаир, проект кој ја претставува мојата визија за еден модерен, напреден и кон иднината ориентиран Чаир. Чаир располага со големо младинско богатство, талентирани млади девојки и момчиња со исклучителен потенцијал, кои заслужуваат повеќе од зборови – заслужуваат можности, поддршка и простор за развој. Затоа изградбата на Младинскиот центар ќе биде апсолутен приоритет на мојот мандат како градоначалник. Ова не е само физички објект, туку платформа каде нашата младина ќе може да учи, да создава, да се изразува и активно да ја гради својата иднина“, изјави Меџити.

Кандидатот за советник, Аритон Рама, во својата изјава ги опиша деталите за просториите кои ќе ги поседува овој објект:

Реклама

“Младинскиот центар ќе биде изграден на четири функционални нивоа: -Библиотека и сала за предавања – за учење, истражување и културни настани. -Дигитален центар – со лабораторија за вештачка интелигенција, бесплатни обуки по програмирање и дигитална писменост, како и простор за стартапи и младинско менторство. -STEM академија – која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката. -Простории за театар, советување и креативни активности, каде што младите ќе можат слободно и без бариери да се изразуваат.

Меџити и Рама потенцираа дека со овој проект гарантираат дека Чаир ќе стане центар на иновации, образование и младинска креативност. Младите ќе имаат место каде ќе учат, ќе се развиваат и ќе ја градат својата иднина.