Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Муртезани најави чекори кон решение со Бугарија по изборите

Владата по изборите ќе преземе конкретни чекори за надминување на спорот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата по изборите ќе преземе конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија а веќе по нова година ќе има реално придвижување на процесите. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вели дека има конкретни размислувања како тоа ќе се направи, но не откри детали. Причината поради која зошто сега не се преземаат одредени активности вели е за да не се искористи тоа во контекст на изборната кампања.

Претседателот на Владата во неколку наврати јавно изјави дека по завршувањето на изборите, односно со почетокот на Новата година се очекува да има конкретни чекори во надминување на спорот со соседна Бугарија. Мислам дека во моментов, бидејќи се наоѓаме во изборна кампања се што ќе кажеме може да се стави во одреден контекст и да го наруши и да му наштети на процесот. Тоа што е битно и што е главната порака на ваквите изјави е дека кај премиерот и кај Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност после изборите да се направат конкретни чекори за надминување на овој проблем. Тоа што можам сега да кажам е дека има размислувања за тоа какви чекори треба да се преземат, но целиот фокус сега е на изборната камапња и не може да се очекува тие размислувања да добијат форми на конкретни предлози, истакна министерот за европски прашања Муртезани.

Тој на денешната прес-конференција со неговиот фински колега посочи дека односите меѓу двете земји имаат динамика и континуитет, како и иднина што се гради врз доверба и заеднички европски вредности.

Реклама

На средбата двајцата министри разговарале за клучните теми за иднината на земјава и регионот, при што Муртезани го информирал Странд за процесите поврзани со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој, како што кажа не е само финансиски инструмент, туку и стратегија која ја приближува нашата економија и институциите до ЕУ и пред да станеме членка.

На средбата двајцата министри се согласиле дека процесот  на проширување е повеќе од техничка постапка, тоа е стратешка инвестиција во стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот регион.

Но, во меѓувреме, не успеаа напорите на претседателот на европскиот совет Кошта за поедноставување на процесот за нови членки и прекинување на застојот околу потенцијалното членство на Украина и Молдавија

Дипломатската офанзива како што објави Политико, е обид да се заобиколи унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој го искористи ветото на својата земја за да го попречи патот на Украина кон членство во Унијата. Постојните правила бараат од сите 27 земји-членки на ЕУ да дадат зелено светло за секоја фаза од процесот на пристапување. .Молдавија, која е исто така официјален кандидат за членство во ЕУ, е поврзана со Киев во процесот на пристапување и не може да продолжи сè додека трае ќорсокакот. Доколку во рамки Унијата би се направиле одредени промени во поглед на ветото, и патот на македонија кон ЕУ би бил попредвидлив со оглед на тоа што се соочлуваме со вето од Бугарија поради билатерални спорови.