Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Меџити: Чаир ќе има ново модерно училиште, образованието ќе биде врв на нашите приоритети

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од ВРЕДИ Изет Меџити на прес-конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од ВРЕДИ Изет Меџити на прес-конференција најави проекти од областа на образованието за кое рече дека е клучот на иднината и оти секое дете во општината заслужува  достоинствени услови за учење. 

Соопшти дека во план е изградба на ново училиште во Тенеќе Маало и потсети на најавените проекти за изградба на уште две училишта во Чаир – нов објект за училиштето за деца со попречености „Иднина“ и изградба на уште едно основно училиште, со што би се исполниле условите за едносменска настава на учениците во оваа општина. 

-Еден од најголемите проекти во мојот иден мандат е изградба на модерно училиште во Тенеќе Маало кое е и во ДУП во форма на V и идејата е да се вика „Викторија“. Оваа инвестиција ќе им ги отвори вратите на знаењето на околу 1300 ученици во објектот со површина од 4700 квадратни метри, со 54 училници, осум кабинети, две лаборатории опремени според највисоки стандарди. Училиштето во кое ќе се учи само во една смена ќе биде вистински простор за развој и ќе биде гордост за Чаир, истакна Меџити.

Реклама

Паралелно со овој проект, рече, ќе се градат и другите два училишни објекти – еден за ОУРЦ „Иднина“ и до него уште едно ново основно училиште за редовна настава. 

-Со овие инвестиции, Чаир ќе има вкупно 11 модерни основни училишта каде секое дете ќе учи во еднакви и достоинствени услови. Овој чекор нè придвижува кон конечното решение – настава во една смена и целодневна настава во сите училишта во општината. Како иден градоначалник на Чаир се обврзувам дека образованието и нашите деца секогаш ќе бидат на врвот на нашите приоритети, рече Меџити на прес-конференцијата.