Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Митески: Во наредните две години листата на дечиња кои чекаат за упис во градинките ќе се сведе на нула

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, говореше за правењето на длабок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, говореше за правењето на длабок рез во делот на изградба на нови згради и фокусирање на градба и реконструкција на детските градинки, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Направивме еден длабок рез во однос на изградба на нови згради и се посветивме максимално на изградба на нова инфраструктура. Градинки, пуштивме една во употреба и една во завршна фаза. 4 години имавме тотални опструкции од Владата, 3 години имавме Влада на СДСМ, каде што на општините им се правеа големи опструкции, никаква поддршка, подржуваа само општини кои беа во минус, а не ги поддржуваа другите општини. За среќа дојде Влада кој што правилно ги распределува средствата за правилен развој на општините’’, потенцираше Митески.

Актуелниот градоначалник на Аеродром, најави дека за многу скоро од денес, ќе има дополнителен капацитет за дечиња во градинките, односно доволен за искоренување на овој проблем.

Реклама

„За многу скоро од сега ја завршуваме изградбата на „Изворче“ ,ќе ја пуштиме во употреба и на тој начин сите градинки којшто и се под градинката „Срничка’’ ќе се растеретени и ќе имаме нови дополнителни места за 200 дечиња. Имаме уште еден дел на градинките под „Бубамара’’ тоа е во делот на Ново, Горно и населба Лисиче, каде што започнуваме изградба на комплетно нова градинка и со тој капацитет којшто ќе имаме ќе имаме 0 дечиња на листа на чекање’’, најави тој.

Митески додаде дека неговата визија е да се направат помали градинки кои ќе бидат достапни во населените места.

„Ќе работиме на помали градинки на микро локации каде што ќе им биде поблиску на родителите да ги однесат своите дечиња во градинки и на тој начин ќе пробаме да им ги овозможиме услугите поблиски до дома’’, заклучи Митески.