Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Гаши и Дукај изразиле надеж дека Северна Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат престојните предизвици и успешно ќе го продолжат патот кон ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната средба со министерот за јавна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната средба со министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај ги истакнал добрите односи помеѓу двете земји и изразил подготвеност за зајакнување на соработката во сите области, во полза на исполнување на заедничката цел на двете земји, а тоа е интеграцијата во Европската Унија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници потенцирале дека интеграцијата во ЕУ е клуч за развојот на земјите на Западен Балкан и можност за сите народи во регионот да се обезбеди перспектива за идните генерации, затоа што, како што се посочува, иселувањето на младите е актуелна грижа за регионот.

Министерот Дукај нагласил дека регионалната соработка помеѓу двете земји е важна заради тоа што, како што посочил, како мали земји заедно можеме повеќе да постигнеме во напорите за европска интеграција. Потенцирале дека реформите на јавната администрација, а посебно дигитализацијата и правичното застапување на етничките заедници, се области во кои двете земји можат да соработуваат преку размена на мислења и добри практики.

Реклама

На крајот на средбата, соговорниците изразиле надеж дека Северна Македонија и Црна Гора ќе ги совладаат престојните предизвици и успешно ќе го продолжат патот кон Европската Унија. Тие, исто така, оставиле отворена врата за понатамошни контакти и унапредување на односите помеѓу двете земји.