Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ВРЕДИ: Али Ахмети е бизнис кум на Мијалков и Вучиќ

Вчера ја објавивме една од најголемите политичко-финансиски афери во поновата историја на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера ја објавивме една од најголемите политичко-финансиски афери во поновата историја на Северна Македонија. Ние објавивме докази дека компанијата „АС Сењак“, во сопственост на близок роднина на Али Ахмети, ги продавала акциите во Стопанска банка – Битола на Алта банка од Белград, банка која е директно поврзана со режимот на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17.09.2025, односно пред десет дена. Ова е доказ дека семејството на Али Ахмети продава капитал на српскиот свет, стои во соопштението на коалиција ВРЕДИ.
 
Почитувани граѓани, денес презентираме нов случај, уште посериозен и пострашен.

Истите акции што семејството на Али Ахмети ги продавал на банката на режимот на Вучиќ, пред речиси една година биле купени токму од Сашо Мијалков.

Купувањето на акциите на „АС Сењак“ од страна на Сашо Мијалков или компанијата поврзана со него, „Бест Веј Инвестмент“, е извршено на 24.10.2024. Еве го доказот за оваа трансакција.

Реклама

Секако била индикативна сликата од манастирот Свети Наум, но сега сè е јасно. Сега имаме и финансиски докази за оваа врска. Паднаа маските.
 
Сепак, ДУИ нема одговор. Ахмети молчи. Ниту еден функционер од ДУИ не излезе да објасни како се случило семејството на Али Ахмети да купи акции од Сашо Мијалков и зошто тие акции ги продавале на банката на режимот на Александар Вучиќ. ДУИ се крие и се срами, бидејќи знае дека зад патриотската реторика се крие суровата вистина – пари, криминал, личен интерес и врски со антиалбански структури во регионот.
 
Денеска се станувајасно. Семејството на Али Ахмети, директно, додека ДУИ индиректно стана директен финансиски партнер на Мијалков и Вучиќ. Преку оваа врска, ДУИ го носи српскиот свет во Северна Македонија и преку банкарскиот систем. Преку оваа врска, Али Ахмети и неговото семејство ја ставаат државата и Албанците во финансиска и политичка зависност од Белград, а зошто го прават ова, тие треба да објаснат.
 
Сепак, Албанците и сите граѓани на Северна Македонија мора да ја знаат вистината – ДУИ повеќе не е партија што ги штити интересите на Албанците, туку е приватна компанија за криминал, корупција и лично и семејно богатење на Али Ахмети.
 
Почитувани, ова е само дел од мозаикот на врски меѓу ДУИ, Мијалков и Вучиќ. Јавноста ќе дознае сè. Времето на вистината доаѓа.

Овој финансиски лавиринт вклучува вкупен износ од над 20.000.000 евра.