Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Јаневска: По изборите ќе продолжат контролите во високообразовните установи

Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука по завршување на локалните избори ќе продолжи со контроли во високообразовните установи, најави денеска ресорната министерка Весна Јаневска.

По извршениот увид во градежни активности на спортска сала во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Општина Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање за затворањето на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје, посочи дека со цел подигање на квалитетот на високото образование МОН формирало комисии кои прават увид во нивното работење.

– Направен е увид и во оваа институција, каде се утврдени бројни неправилности, од кадар, опременост. Им дадовме еден месец рок да ги поправат тие неправилности, но бидејќи воопшто не изреагираа, а дополнително ги изгубија и просторните можности се обративме до Агенцијата за квалитет во високо образование која потврди дека овој т.н факултет е нефункционален и според законот ние вчера издадовме решение за привремен престанок на работа на оваа  високо образовна установа, појасни Јаневска.

Реклама

Посочи дека досега се затворени 14 приватни научни институти, а ова е првата високо образовна приватна установа, која нема повеќе да работи. 

– Се надевам дека по урнекот на приватните универзитети и дел од високо образовните установи кои навистина не исполнуваат услови сами ќе пристапат кон процес на затворање ако не ние ќе ги затвориме, изјави Јаневска.

МОН вчера информираше дека поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за нивно отстранување била донесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручна школа – Факултет за бизнис економија во Скопје.