Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Стопанска комора: Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост

Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост  Бизнисмените и срцевата слабост –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост 

Бизнисмените и срцевата слабост – врвен европски настан во Скопје, за заедничко дејствување за превенцијата!

Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес на високи позиции ја зголемува веројатноста за срцев удар за 40%, дури и кај луѓе без други ризик фактори. Високото ниво на стрес, во комбинација со долгите работни часови, неправилниот режим на одмор и недостатокот на физичка активност ја ставаат групата на стопанственици, претприемачи и менаџери помеѓу критичните групи за ризикот од срцева слабост. Како претставници на бизнисот, ние имаме и поширока општествена задача, но и одговорност – да придонесуваме кон јавното здравје и да работиме на подигање на свеста за важноста на превенцијата, се вели во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија. 

Реклама

Затоа, кога пред повеќе од цела година д-р Тања Анѓушева и проф. д-р Јорго Костов ми се обратија со идејата како Стопанска комора да ја поддржиме идејата за воспоставување на некаква форма на континуирана едукација на кардиолозите и средниот медицински персонал  за дијагностика и менаџирање на пациентите со  срцева слабост, немав никаква дилема дека треба со сите напори да ја поддржиме иницијативата.

Оваа недела – таа идеја стигнува до својата конкретна реализација. Тимот на Македонското здружение по кардиологија ќе биде домаќин на врвен едукативен настан – Регионална школа за срцева слабост, која на едно место ги собира водечките европски кардиолози. Организиран во соработка со Центарот за срце од Цирих и Центарот за срце од Лондон, како настан одобрен од Здружението за срцева слабост на Европското здружение за кардиологија, и на едно место ќе ги собере водечките европски и регионални експерти од областа. Овој настан претставува прилика за етаблирање на Северна Македонија како водечки центар во областа на срцевата слабост, но и прилика активно да работиме на подигнување на јавната свест кај сите засегнати чинители.

На настанот свои обраќања ќе имаат и Томас Лушер, еден од програмските директорите на Школата, кој е директор за истражување, едукација и развој и консултант кардиолог во Кралскиот болнички фонд Бромптон и Харфилд, професор по кардиологија на Империјал колеџот во Лондон, и водечки професионален во Европското здружение по кардиологија, како и Марко Метра, претседател на Асоцијацијата за срцева слабост на Европското кардиолошко здружение, редовен професор по кардиологија на Одделот за медицински и хируршки специјалности, радиолошки науки и јавно здравје на Универзитетот во Бреша и директор на Институтот за кардиологија на Граѓанската болница и Универзитетот во Бреша.

Зошто е ова важно за стопанствениците? Да се вратам на почетокот на овој текст – ние ја претставуваме една од критичните групи за ризикот од срцева слабост. Затоа, во рамки на Школата ќе организираме посебна работилница за бизнис заедницата, на која менаџерите ќе имаат можност за дискусија со водечките кардиолози од Европа и директна интеракција/консултации со нив за превенцијата на кардиоваскуларни заболувања. Ова не го правиме само за општот јавно здравје, го правиме за здравјето за секоја од нашите компании. Превенцијата за здравствените прашања е истото како и предвидливоста за важните бизнис одлуки – клучен дел во работењето на секоја успешна компанија.