Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Николоски:Владата лобира во ЕУ за македонските превозници да добијат подолг престој во Шенген зоната

Професионалните возачи бараат подолг престој во рамките на Шенген зоната. Правилата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професионалните возачи бараат подолг престој во рамките на Шенген зоната. Правилата на Европската унија, односно воведувањето на ЕЕС системот за влез и излез, за нив ќе значи помалку работа и профит. Од АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ПРЕВОЗНИЦИ МакамТРАНС велат дека им било ветено дека нивното барање ќе се реши пред стартувањето на системот на 12-ти октомври. Макамтранс, но и останатите асоцијации на превозници од Западен Балкан се надеваат дека професионалните возачи ќе бидат исклучени од новите правила, според кои тие да останат таму максимум 90 дена во рок од 6 месеци.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е свесен за проблемот за кој алармираат превозниците. Во тек биле преговори и се надева дека ќе има позитивен одговор. Нагласи дека транспортот и складирањето се важни сектори за македонската економија, со раст од 6,1% во вториот квартал. Напомена дека Владата интензивно вложува и гради патишта и пруги за да им помогне на превозниците и да го забрза транспортот. Николоски нагласи дека следната година ќе почне рекоснтрукција на обиколницата околу главниот град, активно се градат делниците долж Коридорите 8 и 10, се пуштаат постепено одредени делови од автопатот Охрид – Кичево. Догодина планира да се гради мултимодуларен јазол во близина на Трубарево каде што се сечат двата коридори, односно т.н. суво пристаниште за побрз претовар и истовар на стоки.

Директорот на Царинската Управа се пофали со рекордна наплата на приходи. Тој рече дека напорно се работи на ИТ решенијата со кои застоите на границите се сведуваат на минимум, се зајакнува контролата, се модернизираат граничните премини, се зголемува безбедноста на стоките и се забрзува превозот. Тие активности придонеле до историски рекордна наплата на царини годинава.