Реклама
Македонија

Субвенции за филтри на оџаците – државата планира нова мерка во борбата против аерозагадувањето

Субвенции за филтри на оџаците- државата планира да вклучи уште една мерка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Субвенции за филтри на оџаците- државата планира да вклучи уште една мерка во борбата против аерозагадувањето.  Со новата мерка ќе бидат опфатени од 5000 до 10.000 домаќинства, коишто за затоплување користат дрва и јаглен, горива кои значително ја зголемуваат концентрацијата на штетните честички во воздухот, најави премиерот Христијан Мицкокски.

„Денеска имаме седница на Влада и би сакал под предлози и прашања да отворам една многу значајна точка, бидејќи гасификацијата е процес кој ќе тре подолго, нема да имаме брзи резултати, можеби треба да размислиме по истиот принцип, како што субвенционираме за клима-уреди, за топлински пумпи и ваков тип на субвенционирање сметки за струја на социјално ранливи категории, на отприлика 5.000 до 10.000 домаќинства, да им обезбедиме филтри на оџаците на оние домаќинства коишто користат фосилни горива„ рече Мицкоски.

Мицкоски, посочи дека освен во домаќинствата кои ќе бидат субвенционирани по принципот прв дојден-прв услужен, филтри се планира  да се инсталираат и на државни институции. Досега се евидентирани околу 500 вакви објекти кои во грејната сезона се затоплуваат со фосилни горива.  Премиерот, истакна дека изминатиот период  не е направено ништо за да се реши проблемот со аерозагадувањето во државата

Реклама

„За жал ништо не е направено изминатите 35 години. Јас очекувам повторно одредени невладини активисти на почетокот на грејната сезона-ноември месец да се борат за воздух иако изминатите седум години никаде ги немаше . Затоа ќе се обидеме да антиципираме однапред за да видиме колку можеме сега, само треба да видиме со законодавството дали тоа е дозволено , имајќи во предвид дека сме во избори и изборите се распишани, а ова би било вонредна мерка„ изјави Мицкоски.

Секоја зима,  Македонија се гуши во смог, а Скопје, е високо на листата на најзагадени градови во светот. Податоците од мерните станици често ја надминуваат дозволената граница и по неколку пати. Лекарите алармираат дека изложеноста на ваквото загадување може да доведе до респираторни и срцеви заболувања, како и зголемен ризик кај хронично болните и децата.  

Како главни причини за аерозагадувањето во зима се оџаците на домаќинствата кои се греат на дрва и јаглен.