Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

МВР веќе има осомничени луѓе кои се дел од центрите на моќ што сакаат да ја дестабилизираат државата

Полицијата им влегува во траг на центрите на моќ кои со пожарите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата им влегува во траг на центрите на моќ кои со пожарите, инциденти и убиства водат хибридна војна и се обидуваат да ја дестабилизираат Македонија пред избори. Веќе има и осомничени. Повеќе детали што открила истрагата на МВР, министерот Панче Тошковски не можеше да сподели, но беше дециден активно се истражува кој сака да ги загрози виталните точки во Македонија.

  • Хибридни закани е поим кој многу често се користи во рамки на научната мисла и во рамките на праксата од страна на безбедносните служби. Факт е дека во Македонија имаме хибриден напад во изминативе неколку месеци. Од повеќе страни, на повеќе полиња. Имаме загрозување на виталните точки во државата. Тоа сите го гледаме, го гледа македонскиот народ, го гледате вие новинарите, го гледаат и институциите. Дали постапуваме – постапуваме. Дали можам дополнително да изнесам информации во јавност во овој момент –не. Дали имате некоја нова трага или некои нови осомничени врз реториката на центри на моќ  за кои слушаме ? – Да, имаме“, рече министерот Тошковски.

Безбедноста во државата ја нарушува и широко распространетата корупција, но и задира директно во правата на граѓаните кои се загарантирани со устав, предуредуваат и екпертите по безбедност. Истражувањата кои ги направил Факултетот за безбедоост во Скопје, покажуваат дека , секој трет граѓанин на Македонија или лично, или преку некој близок, имал судир со службеник кој побарал мито.

  • „“ рече Марјан Николовски– Професор на Факултет за безбедност Скопје.

МВР се бори против непрофесионално, недостоинствено и коруптивно однесување од страна на полциските службеници, смета Тошковски. 

Реклама
  • Големиот број инфлагрантни коруптивни случаи што МВР ги откри во изминатата година покажуваат дека МВР има поинаков суштински пристап во бробата против корупцијата, но секако дека уште многу треба да се работи на оваа тема за да имаме значително намалување на корупцијата во Македонија. Сметам дека сме на прав пат, но не чека многу работа“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Во голема мера веројатно е намалена и корупцијата во затворскиот систем смета директорот на Управата за извршување санкции. Според него сите институции треба да се заложат за целосно искоренување на системските злоупотреби.

  • Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција“, рече Пандов.

Надлежните и екпертите ќе црпат искуства од соседството како Македонија да се справи со корупцијата. Ќе се интензивира соработката и најдобрите студенти од факултетски клупи да бидат вработени во државните безбедносни служби.