Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Тошковски: Ценам дека ќе имаме уште едни демократски избори во Македонија

Ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија, рече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање во врска со безбедносната ситуација  во државата која се очекува во пресрет на претстојните локални избори. 

По Меѓународната научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Тошковски посочи дека во рамки на Министерството за внатрешни работи уште пред две-три недели е формирана оперативна акција „Избори 2025 година“ и нагласи дека се преземаат сите неопходни дејствија за подготовка на самиот изборен процес.

– Министерството за внатрешни работи уште пред повеќе од две-три недели има формирано оперативна акција „Избори 2025 година“. Активно работат службите, се преземаат сите оние дејствија за подготовка на самиот изборен процес и јас одржав еден состанок со Државната изборна комисија, на техничко ниво се одржани повеќе состаноци со ДИК, се подготвуваме и ги преземаме сите потребни чекори кои што се во наша надлежност. Од денешен аспект ценам дека ќе имаме повторно уште едни демократски избори во Македонија, рече Тошковски.